Кетрин Мидлтон не се одрекува од високите потпетици кои обожува да ги носи на сите службени прилики, но и во оние лежерните.
Љубителите на високи потпетици знаат колку болно може да биде повеќечасовното носење на вакви чевли, но војвотката од Кембриџ очигледно има тајно оружје благодарение на кое без никаков проблем може со часови да стои во нив.

Всушност, убавата Кетрин не носи потпетици без влошките Alice Bow кои очигледно и гарантираат удобност бидејќи го ублажуваат притисокот на ногата и служат како перничка која го омекнува секој чекор.

Оваа дизајнерка изработува влошки за сите видови на чевли, а оние кои се наменети за чевли со висока потпетица доаѓаат во пет различни бои (златна, сребрена, розова, бронзена и сина) и чинат 14 фунти.

Ортопедските влошки и подлоги за чевли инаку и не се секогаш сосема привлечни со својот изглед, па убавиот дизајн на овие модели е една од главните причини зошто тие станаа исклучително популарни.

Се изработуваат рачно, и тоа од најфина италијанска кожа, а војвотката освен со чевлите на висока потпетица, носи влошки и за рамни чевли и сандали со отворена пета.

