Едно истражување покажало дека повеќето парови главно имаат секс измеѓу 23 часот навечер и 1 часот наутро. Меѓутоа, утринскиот секс со себе носи многу повеќе користи отколку сексот во било која друга доба од денот. Една од најважните работи е тоа што утринскиот секс ја поттикнува интимноста и емоционалната блискост на почетокот од денот и го поправа расположението поради зголеменото ниво на серотонин, хормонот на среќа.
» Една студија на Универзитетот во Белфаст покажала дека утринскиот секс делува заштитно на здравјето на срцето и крвните садови, особено кај мажите. Утринскиот секс е добра вежба, а покрај тоа го намалува и нивото на кортизол, хормонот на стрес, кој инаку го зголемува ризикот од појава на инфаркт.
» Оргазмот за време на утринскиот секс ќе го зголеми нивото на естроген во крвта, па поради тоа доаѓа до подобрување на циркулацијата и намалување на нивото на тестостерон, што поволно делува на вашата кожа и коса.

» Докажано е дека честиот утрински секс го подобрува квалитетот на спермата и ја зголемува плодноста кај жената, што ги зголемува шансите за оплодување.
» За време на утринскиот секс, најголемо е производството на имуноглобулин А, а тоа се антитела кои го штитат организмот од инфекции. Луѓето кои редовно практикуваат утрински секс имаат и до 30% поголемо ниво на имуноглобулин А во крвта.
