Злосторството главно е поврзано со гангстери и мафијаши кои се толку опасни колку што се мисли. Кога некој ќе ви рече да замислите лидер на банда, многумина ќе имаат идеја за маж во одело, на кој не би сакале да му се најдат на патот. Често е шок кога мајка или сопруга ќе бидат уапсени поради насилничко криминално однесување.
Овие жени се доказ дека жените мафијаши не треба да се потценуваат. Тие можат да направат исто толку пари колку и нивните машки колеги и секако не се плашат да го кршат законот, да заплашуваат, па дури и да убијат ако е потребно.
Сандра Авила Белтран

Таа е роденана 11 октомври 1960 година, а го заработила прекарот „Кралица на Пацификот“ кога станала лидер на мексиканскиот нарко картел. Била омажена два пати, а двајцата нејзини поранешни сопрузи биле поранешни полицајци кои почнале да се занимаваат со трговија со дрога и на крајот биле убиени. Сандра секогаш била многу паметна и никогаш не оставала траги, ниту предизвикала сомнеж кај полицијата, поточно се` до 2002 година кога бил киднапиран нејзиниот син, а откупот бил 5 милиони долари за неговото безбедно враќање. Откако синот и` бил вратен, полицијата започнала истрага.
Во 2007 година таа била обвинета за организирање на криминал и трговија со дрога. Иако некои од обвиненијата биле отфрлени за време на судењето, таа се` уште била обвинета за поседување нелегално оружје и перење на пари. При сослушувањето, себе си се опишала како домаќинка која заработува пари така што продава облека, но никој не наседнал на нејзината приказна. Останала зад решетки каде што се наоѓа и ден денес.
Клаудија Очоа Феликс

Клаудија заработила репутација како „Ким Кардашијан на организираниот криминал“, затоа што непрестано поставува свои фотографии на Инстаграм. Во 2014 година неколку британски таблоиди пишувале дека Феликс станала нов шеф на мексиканска банда позната како „Лос Антракс“, кои се одговорни за стотици морничави убиства.
Агенциите на САД известија дека оваа банда е „светски најмоќна трговска организација“ затоа што е составена од група која има смртоносни убијци. Феликс ја придобила главната позиција во бандата после претходниот лидер, нејзиното момче Хосе Родриго Аречиго Гамбоа кој бил уапсен. Тој бил обвинет за смртта на тројца мажи кои виселе од мост во Мексико пред речиси 4 години.
Џуди Моран

Џуди Моран, која е родена на 18 декември 1944 година, позната е како „мајка“ на семејството Моран – група злогласни криминалци со седиште во Мелбурн, Австралија. Семејството Моран биле трговци со дрога од чии имиња се стравувало и во јавноста и во криминалното подземје. Првиот сопруг на Џуди, Лесли ’Џони’ Кол умрел за време на пресметка во 1982 година. Нејзиниот син, Марк Кол бил убиен во 2000 година.
Тогаш таа повторно се омажила за Левис Моран и имале син заедно , Џејсон Моран кој бил убиен во 2003 година. Нејзиниот зет Дес Моран бил убиен во јуни 2009 година. Џуди и уште три личности биле уапсени поради сомневање дека извршиле убиство. Полицијата навела дека Моран го сокрила автомобилот за бегство во својата гаража, а потоа морала да се ослободи од него.
За време на судењето, куќата на Моранови била запалена во напад на пироман, а таа била осудена на 26 години затвор.
Мариа Леон

Тежок е животот кога се обидувате да бидете мајка на 13 деца додека водите цело кривично царство, но Мариа Леон била во состојба да го направи тоа. Таа била шеф на банда која била одговорна за кријумчарење на дрога, убиства и трговија со луѓе. Таа исто така добила поддршка од мексиканската мафија, обезбедувајќи си позиција како еден од најопасните гангстери во Лос Анџелес. Полицијата известила дека нејзината банда го претворила целиот крај во „пекол“.
Во 2008 година нејзиниот син Дени ’Паметниот’ Леон загинал во полициска престрелка кога бил фатен како држи AK-47. Мариа ја слушнала веста додеа се криела во едно мексиканско предградие и одлучила да присуствува на погребот во САД. Била уапсена и добила 8 години затвор, но останатите добиле многу помалку.
Ана Гристина

Во септемви 2012 година, Ана се појавила на насловните страници кога била осудена како лидер на секс трговија. Ана ја наместил полицаец кој се претставил како клиент кој изнајмил две проститутки во 2011 година. Таа јасно се гледала на снимката од скриената камера. За време на судењето тврдела дека таа водела сервис за запознавање, но подоцна признала и склучила договор за признавање на вината.
Таа била осудена на 6 месеци затвор и 5 години условно. Судот дознал дека заработила околу 10 милиони долари од своите богати клиенти.
