Овие секси актер(к)и прво нè заведоа, а потоа објавија дека се геј!


Добрата улога подразбира дека успешно можете да станете некој друг, дури и кога тоа е апсолутно радикално поразлично од она што вие навистина сте како личност.

Џим Парсонс



Џим Парсонс е најпознат по својата улога како Шелдон Купер во серијата „The Big Bang Theory”, а како што серијата стануваше се` попопуларна, поради пишувањето во медиумите за неговиот приватен живот, Џим во 2012 година јавно призна дека е хомосексуалец.

Синтија Никсон



Една од четирите дами која глумеше во мегапопуларната серија „Сексот и градот“ и ја толкуваше улогата на адвокатката Миранда Хобс, јавно призна дека е бисексуалка, а потоа се разведе од сопругот и започна врска со жена.

Мет Бумер



Тој со своето признание создаде вистинска „грчка трагедија“ и расплака многу жени ширум светот. Мет бил еден од од кандидатите за улогата на Кристијан Греј во филмот „50 нијанси на сиво“.

Нил Патрик Херис



Со својата улога на „совршен“ заводник на жени во популарната хумористична серија „How I Met Your Mother” стекна планетарна слава, а никој никогаш не би можел да помисли дека актерот е хомосексуалец. Покрај тоа што ниже успеси на работен план, тој има и одличен приватен живот, па така е во заедница со Дејвид Бутрк, со кој е веќе десет години и има два сина.

Џоди Фостер



Џоди ја започна својата кариера уште како дете, а стана забележана поради улогата во филмот „Таксист“ во 1976. Својот приватен живот го чуваше за себе, далеку од јавноста, која секако се сомневаше дека популарната актерка е геј. На доделувањето на Златен глобус во 2013 година призна дека ја интересираат жени, а во брак е со Александра Хедисон.

Вентворт Милер



Уште едно признание кое им ги скрши срцата на жените ширум светот. Најпознатата улога на Милер е во култната серија „Prison Break”, а тој денес отворено зборува за тоа со какви „потешкотии“ се соочува откако во 2013 година јавно призна дека е хомосексуалец.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О