Што точно рече Хан за кризата во Македонија - интегрално

Што точно рече во еврокомесарот Јоханес Хан на прес конференцијата на Атлантскиот совет во Вашингтон - НОВА обезбеди превод на целосната изјава сосе одговорите на новинарски прашања откако известувањето на МТВ предизвика реакции за точноста на пренесеното. 


Поранешната Југословенска Република Македонија е најдобриот пример во негативна смисла што може да се случи доколку една земја заостанува на патот кон евроатлантската перспектива, бидејќи во 2005 година земјата го доби кандидатскиот статус како можен член на Унијата во иднина, а во 2008 на некој начин имаше индикација дека ќе се придружат на НАТО. И двете работи не се случија и последиците се видливи. Она што е потребно, и затоа јас бев ангажиран, не само поради нашите морални чувства...не се работи само за земјата туку за целиот регион. Не треба да се потцени геополитичкиот импакт ако оваа земја не функционира. Имаме голем интерес за смирување на етничките тензии и со цел барем да ја одржуваме европската перспектива во живот. Важно е да се справиме со домашните проблеми. Сега треба да зборуваме за една многу сериозна внатрешна криза и да се надеваме со договорот од вторник дека ќе го направиме значителниот чекор напред, бидејќи им понудивме „морков“, но исто така и „стап“.

Ќе ја набљудуваме земјата и нејзиното дејствување во основните области и ќе го правиме тоа додека преговараме. Во Европската Унија ги имаме таканаречените поглавја 23 и 24, кога преговараме со идните земји-членки, а овие две поглавја се работи за владеењето на правото, слободата на медиумите, независнсота на судството итн. И ќе ја примениме оваа метода, а во исто време ќе ги подготвуваме новите избори со цел да има фер и транспарентни демократски избори и се надевам дека ова ќе придонесе земјата да се стабилизира и да ја вратиме евроатланската перспектива.

На новинарско прашање за тоа кој ќе ги организира изборите и дали за ова се дискутирало на средбата во Скопје, како и големиот број обвинувања за нерегуларности од страна на сегашната владејачка партија и нивото на недоверба кое постои во Македонија, како и тоа дали разговарал со претставниците на Америка за ситуацијата во Македонија, Хан вели:

Пред се, овој договор беше потпишан не само од премиерот, туку и од опозицијата, а и двајцата лидери на албанските партии, така да овој договор е потпишан од претставниците на најголемите четири партии во земјата, а сведоци за тој договор се амбасадорот на Европската Унија и амбасадорот на САД, кој ни се придружи и беше од голема помош за да го претстави гледиштето на САД. Целосно сум свесен за ситуацијата во земјата и имаше многу дискусии помеѓу опозицијата и власта за тоа кое е најсоодветното време за избори. Има некои недостатоци кои треба да ги формулираме, треба да се осврнеме на избирачкиот список и на некои други елементи, но од друга страна, морам да кажам дека минатите избори, како и многу други во земјата и во регионот беа набљудувани од ОБСЕ и генерално имаше позитивни извештаи со мали нерегуларности, но генерално беше позитивен извештајот, а овие избори беа во април минатата година.

Во однос на прислушуваните разговори, треба да има две реакции. Едната е опозицијата да се врати во Собранието, тоа е политичката и да се справиме со ова прашање на вообичаена продлабочена политичка дебата, да се има анкетни комисии итн, и една е судска, која треба да биде спроведена според меѓународните европски стандарди и затоа понудивме и тоа беше прифатено да сите препораки од Европската Комисија бидат имплементирани, особено кога се работи за владеење на правото и независноста на судството и со цел да ги имаме не само анализата, туку и имплементацијата, потребно е време и затоа се договоривме за избори следниот април. Некој сакаа изборите да бидат порано.

Прашање: Се сомневам дека премиерот бил ентузијастички расположен за изборите како ќе пристапите доколку тие не успеат да се договорат? Успеавте да ги договорите на сериозни потези?

Не можам да кажам дека беше лесно. Јас бев јасен и отворен дека доколку нема прогрес, дека не гледам можност да се даде нова препорака во нашиот годишен извештај за напредокот на земјата, за да бараме од нашите земји-членки да ги започнеме преговорите. Го направивме тоа шест пати по ред во минатите шест години и тоа ќе биде невозможно за нас да го повториме и најверојатно тоа беше најсилниот аргумент, бидејќи се работи за европската перспектива, а со тоа да се задржи и евроатлантската перспектива, бидејќи кога се работи за членство во НАТО...НАТО се потпира на нашите проценки кога се работи за стандардите за владеењето на правото.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О