Граѓаните за новата фонтана на плоштад „Македонија“: Убава и несекојдневна

Нешто ново, убаво и несекојдневно. Ова се најчестите коментари на граѓаните кои денеска одблиску ја видоа новата фонтана која е пуштена во употреба на централниот скопски плоштад.

Станува збор за фонтана со димензии од 20 на 10 метри, украсена со 128 млазници и 128 светилки кои треба да постигнат дополнителен визуелен ефект.


Проектот чини 2 ипол милиони евра, од кои, според објавеното една третина од парите ги обезбедува Градот Скопје, а останатиот дел Владата на Република Македонија.

Фонтаната е изградена меѓу споменикот на Александар Македонски и Камениот мост, а гранитните плочки се заменети со бели.

Граѓаните велат фонтаната е убава, но забелешка имаат за партерот, кој според нив е заслепувачко бел.

„Ова е нешто ново, не знаеме ние за нешто вакво, ова е модерен стил и ќе биде добро. Само не ми се бендисува долу што е бело, без наочари не можеме да гледаме, бело што е грешка голема е.“

„Ова е несекојдневно. За се треба да се трошат пари, за култура за убавина, зашто да не. Колку години ќе седиме на исто, ќе тапкаме во место.“, велат анкетираните граѓани за НОВА.
Откако ги прашавме дали фонтатаната е најнеопходното нешто што требаше да се гради во моментов реакциите беа поинакви.


Граѓаните велат дека иако фонтаната изгледа убаво, но најпаметно е ништо да не се гради, а буџетот да се насочи кон отворање на нови работни места, исплата на социјална помош и слично.

-Во ваква криза никој не инвестира, а поготово не треба ние, не сме некоја јака држава. Ништо да не се гради, економијата да се гледа само, вели граѓанин за НОВА.

Опозицијата во неколку наврати реагираше дека логиката да се трошат народни пари за поставување нова фонтана, веднаш до веќе постоечката фонтана на Воинот на коњ, според нив е разбирлива само од аспект на тендерските бизниси, на како што велат тие Груевски и Трајановски.

– Напразно потрошените средства, за фонтана до фонтана, власта и градоначалникот на Скопје можеа да ги искористат за енергетски ефикасни фасади, на што веќе работи општината Центар. На овој начин практично ќе се потврдеше определбата Скопје да биде енергетски ефикасен град. За жал, главниот град е далеку од тоа. Потпишувањето Меморандум за разбирање за зајакнување на мрежата на енергетски ефикасни градови од страна на Град Скопје е врв на лицемерието на Коце Трајановски, реагираа од СДСМ.

Според Проектот „Скопје 2014“ оваа фонтана првично не беше планирана.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О