Фрчкоски: Преодната влада без Груевски е извесна

Извадок од интервју на проф. д-р Љубомир Д. Фрчкоски за Слободен печат:




Ја делите ли оцената дека преговорите во Брисел пропаднаа? Што оваа рунда ќе значи за преговарачкит процес и за кризата во земјава?

Тезата за пропаднати преговори треба да се напушти. Особено од аспект на опозицијата и граѓанскиот блок. Брисел треба да го третираме како едно скалило до конечниот успех – уривањето на диктатурата.

Аспект на власта е да го третира Брисел како пораз и да бара виновници за тоа.
Во основа Брисел е важна, да не речеам, конститутивна позиција за опозицијата и целиот граѓански сектор. Зошто го велам ова? Заев таму има широко полномошно. Тој има практично овластување да преговара во име на целиот граѓански блок. Тоа се околу 80 невладини организации, но и во име на целокупната јавноста која не е појавена како НВО, но има јасно артикулиран став за промени.

Од тој аспект, кого сè претставува таму, треба да се гледа неговата тврда позиција. Од друга страна, Груевски се претставува само себеси, дури ниту својата партија. Само својата кожичка и тоа се гледа од серијата предлози што ги давал, односно давал сè, сосе братучедот, само тој да си ја спаси кожата. Тоа го отсликува Груевски како преговарач. И во таа смисла тој може да биде многу еластичен, односно да ги дава гратис претседателот на Собранието, министри, да дава ресори, да дава услови за на крајот да го даде дури и копретседателството на Владата со врзан потпис. Замислете, тој и Заев двајцата да се премиери. Сè, буквално сè, само да си ја спаси кожата. Тоа јасни ги објаснува различните позиции.

(…)

Со кои позиции, според тоа, заврши рундата во Брисел и дали тоа ќе се почетните позиции за следната рунда?

Ако ги тргнете на страна хистеричните спинови на владината медиумска харанга, кои се сите впрегнати во спасување на груевски како личност, под таа површина останува следната структура: прифатена е техничка влада која претходно беше одбивана. Факт е дека е прифатено и таа да биде без Груевски три месеци. Тоа е веќе пробиен принцип и нема назад. Што значи дека сега расправата е дали Груевски ќе си оди дома во септември или, според, него во декември.

Дека треба да си оди дури и тој прифаќа. Од овој аспект погледнете го уште еднаш резултатот од преговорите во Брисел и ќе видите зошто е паниката и хистеријата кај другата страна. Оваа основа, бидејќи е работена со сведоци, записници, протоколи, неодминливо ќе биде основа за продолжување на преоворите. Ваквата позиција изложување на Груевски со хистерични предлози и сè што прифатил е базата и тоа е недвосмислен успех за преговарањето на Заев во Брисел што никој не може да му оспори.

(…)

Каков, според Вас, треба да биде ставот на преодната влада и колкав мандат би требало да има за да создаде барем минимални услови за фер и демократски избори?

Не можам да знам каков ќе биде излезот. Јас преферирам експертска влада. Експертите би биле предлози на партиите, но пак би имале интегритет кој создава дистанца. Мислам дека опозицијата секако треба да ги земе ресорите внатрешни, финасии и образование. Зошто образование?

Затоа што таму симболично почна оптпорот. Не смееме студентите и учениците да ги оставиме некој да ги малтретира уште шест месеци. Тоа се многу луѓе и значајна компонента на отпорот во општеството. Мислам дека на сите им е јасно дека приоритет на владата мара да биде изборното законодавство, една изборна единица, прочистување на списокот (не симболично, туку сериозно, радикално чистење).
Владата мора да формира специјално обвинителство и да формира специјален судски совет како што претходно направи со хашките случаи, сега за аферата „Прислушување“ и за сите случаи со кои го товарат Заев.

(…)

Советите од експерти се предност, хендикеп е да те советува д-р Ендек

Персоналната хистерија на Груевски одат до таа линија што на преговарачка маса, замислете, го обвинува Заев дека слуша совети од експерти.
Му вели – ова ти го кажал овој, она оној, обидувајќи се да го омаловажи.
Заев е љубезен, па не му возвраќа дали неговите тези му ги кажа експертот за ендеци, или дагау експертот или ги добил од прислушување.
Имено, Заев има можност, ако сака, да има најдобра правна-политичка советничка екипа. Од тоа не треба да му биде незгодно или да се срами. За него е голема предност кога со него се идентификува голема интелектуална и влијателна екипа.
Тоа треба да го користи и најдиректно на преговорите. Тоа е ретка ситуација кога еден политичар може да собере таква екипа.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О