Искуства на постари жени кои биле во врска со помлади мажи

Постари жени ги откриле своите искуства од тоа како е да се биде во врска со помлад маж...


Помладите мажи им го прават животот поинаков и повозбудлив на постарите жени, затоа што покрај нив и тие самите се чувствуваат помладо. Младоста со себе носи добра енергија, живост, оптимизам, бурен секс, но и несигурност, како и осудување од јавноста. Daily Mail ги пренесува искуствата од некои постари жени кои одлучиле да ги споделат.

Еве што имаат тие да кажат:

» Излегувам со помлади мажи затоа што покрај нив се чувствувам секси, поубаво и попривлечно отколку со мажите на моја возраст.

» Моето момче-играчка е толку секси, но кога ќе почне да зборува се гледа дека е многу помлад и тогаш ми е непријатно.

» Мене ми одговараат таквите врски затоа што не бараат многу посветеност, а имам и целосна контрола врз нив, а тоа многу ми се допаѓа.


» Моето момче е осум години помладо од мене и никогаш не ми кажува дека ме сака. Таа несигурност „жива ме јаде“.

» Имав помлад партнер од мене и ме напушти... Се чувствувам како Деми Мур.

» Сакам помлади мажи, но би сакала луѓето да престанат да мислат дека тоа е чудно.

» Излегував со многу помлад маж и после првиот секс ми призна дека лажел за своите години.

» Денес сфатив дека првиот тест за бременост го направив кога бев тинејџерка. Ако тогаш бев бремена, денес детето ќе беше старо колку и моето момче.

» Јас сум постара жена и во врска сум со 20-годишно момче. Не ме осудувајте, тој прв ми пријде мене. Да, тоа е целосно лудило и се чувствувам фантастично.

» Мојот партнер е шест години помлад од мене и понекогаш се чувствувам како да чувам дете, а не како да сме во љубовна врска.

» Излегувам со помлади мажи за да имам контрола цело време. Го сакам моето момче, но неговите слаби сексуални апетити ме убиваат. Тој е осум години помлад од мене и би требало да сака секс.

» Сакам помлади мажи затоа што сакам да се забавувам и да имам многу секс, а мажите на мои години не можат да го следат тоа темпо.


» Секогаш ми беше чудно кога постари жени беа во врска со помлади мажи, но сега веќе не ми е. И јас сега имам помладо момче.

» Непроценливо е кога ќе ги видите изразите на лицата од другите луѓе кога ќе дознаат колкава е разликата во години. Се чувствувам гордо.

» Луѓето ми го загорчуваат животот затоа што моето момче е помладо од мене 11 години. Не го разбирам тоа. И двајцата сме возрасни личности и што има врска колкава е разликата во години?

» Страшно ме привлекуваат помладите мажи, но стравувам дека ќе ме напуштат и дека на крајот ќе бидам осамена.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О