Моќен попис: 5 најразорни оружја на американската војска

Американската војска е секако една од најсилните светски сили и на обичните смртници им е дури тешко дури и да замислат со што сè тие се служат во борбите кои што ги водат, а за кои секој ден слушаме во вестите. Војската на САД призна и дека дизајнирала бомба која е за дури 1.000 пати посилна од онаа која што била фрлена на Нагасаки.


Business Insider донесува попис на најразорните оружја во американскиот арсенал, а ние ви откриваме кои се првите пет помеѓу нив.

1. MOP бомба (Massive Ordnance Penetrator)



Првото место заслужено го зема масовната убиствена пенетрациска бомба, тешка речиси 14 илјади килограми. Во себе може да содржи и до 2.5 илјади килограми високоексплозивен материјал. Ова е најголемата бомба од ваков вид на светот и само неколку воени авиони се способни за воопшто да го превезат овој терет.

Скратено ја нарекуваат MOP бомба (Massive Ordnance Penetrator), а се верува дека ќе биде клучен фактор во поглед на иранската нуклеарна закана.

2. Атомска бомба



Војската на САД призна дека дизајнирала бомба која што е дури за 1.000 пати помоќна од онаа која беше фрлена на Нагасаки, а ја нарекуваат уште и "Fat Man" (во слободен превод, дебел човек).

Тешка е речиси 5.000 килограми и техниката за нејзината употреба е смислена да биде сосема едноставна, како би била подготвена во случај на потреба за напад. Но, навистина не би сакале да знаеме што би се случило кога и навистина би била употребена.

3. Носач на авиони базиран на нуклеарна енергија



Овој носач можеби повеќе направил за мирот, отколку за војните, тврдат воените аналитичари, а се работи за посебен носач кој ѝ служи на американската војска било кога и било каде и да им треба. Тоа е возможно затоа што многу големи светски градови ширум целиот свет се наоѓаат на крајбрежјето, а USS Eisenhower има дури и посебен Starbucks, како сите пет илјади членови од војската и нејзината адинистрација би имало каде да се напијат кафе.

4. Нуклеарна подморница Ohio Class



Тешка помеѓу 16 и 19 илјади тони, оваа подморница го зазема завидното 4-то место помеѓу разорните воени оружја. Со себе може да носи терет сочинет од торпеда, нуклеарни и други бомби, како и секако, екипаж. Сè уште се смета дека е една од клучните точки на американската одбрана, бидејќи ја запира воопшто и помислата на потенцијалниот непријател дека САД во случај на копнен напад не би имал можност да се брани од вода.

5. Воен авион AC130H Spectre Gunship



Дометот од 4 илјади километри и 31 тон тежина, чини овој воен авион да виде еден од најмоќните адути на американската војска. Неговата моќ да нападне или да ги поремети плановите на непријателската војска од илјадници луѓе го чини да биде вистинска легенда помеѓу воените сили. Исто така, сите акции кои што се прават со него можат без проблем да се прават и во ноќните часови бидејќи ги поседува најдобрите сензори и систем за пребарување на метата.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О