Чилеанскиот репрезентативец, Артуро Видал се соочи со новинарите и го објасни инцидентот во кој го искрши своето Ферари и заврши во притвор поради предизвикување сообраќајна незгода во алкохолизирана состојба.
Фудбалерот на Јувентус, Артуро Видал кој блеска во дресот на Чиле на почетокот од Копа Америка, утринава имаше голем инцидент во кој пијан го уништи своето Ферари.
Видал на прес конференција се соочи со медиумите и го објасни настанот.
„Сакам да им се извинам на сите инволвирани во инцидентот и на сите луѓе во Чиле" - изјави Видал со солзи во очите.
„Бев во казино, испив две пијачки и имав инцидент во кој го доведов животот на мојата сопруга во ризик".
„Ќе направам се што можам за Чиле да го освои трофејот на Копа Америка".