Имал бушава коса и криви заби, и буквално ништо не наговестувало дека за само три години тој ќе стане еден од најпобаруваните светски ди-џеи.
Но, Келвин во оваа трансформација не бил сам. Најмногу му помогнала Лесли Карпам, личен тренер. Таа буквално го претворила во секс икона на Холивуд.
Токму поради неа, Харис е денес заштитно лице на Armani, кои за овие услуги му платија неверојатни милион фунти.
- Тој е момче кое што нема проблем со напорниот тренинг, што може да се види и по неговото тело. Единствен начин за телото да се промени е да работи вежби кои што му се напорни. За како колку што е можно подобро да се подготви за рекламата на Armani, тој работел особено напорно на своите стомачни мускули, а во исхраната додал колку што е можно повеќе овошје и само по некој јаглен хидрат, раскажува Лесли.
Еден од неговите пријатели истакнал дека Келвин потполно се променил од доаѓањето во Холивуд, бидејќи сега повеќе внимава на своето тело и оди во теретана и до пет пати неделно, за разлика од времето кога бил "обичен буцко".
- За појадок секогаш јаде омлет со спанаќ. Ручекот е резервиран за риба и салата, а вечерата му е речиси секогаш составена од протеини и зеленчук, вели Лесли.
Тој го отфрлил потполно и алкохолот, но сите овие одрекувања дефинитивно биле исплатливи за него. Келвин Харис моментално е во врска со Тејлор Свифт, а беше во врска и со Рита Ора.