
Samsung инсталираше монитори на своите камиони во Аргентина, а технологијата може да биде применлива во денски и во ноќни услови на возење.
Системот се состои од камери кои се наоѓаат на предната маска на камионот и четири големи LED екрани кои се поставени на задната страна од приколката. Камерите се насочени да го снимаат патот пред камионот, а сликата се пренесува на екраните за возачите зад шлеперот да можат да видат дали е безбедно да се престигнува.
Идејата не е нова, но Samsung ја спроведе на дело и во пракса покажа дека е изводлива. Во компанијата се надеваат дека ваквиот систем во иднина ќе спасува животи.