Marathon M5 има две батерии и може да издржи неколку денови со едно полнење

Кинезите се единствените во моментов кои вистински го адресираат најголемиот проблем со паметните телефони, а тоа е траењето на батеријата. Наместо користење на скапи технологии, кои можат да помогнат во намалување на потрошувачката на енергија за само неколку проценти, Gionee, по рецептот на старата школа, лансираше телефон со две огромни батерии.


Вкупниот капацитет е фантастични 6020 mAh, постигнат со спојување на двете батерии од по 3010 mAh, што е повеќе и од некои 10 инчни таблети! Овој капацитет треба да овозможи исклучително долго траење на телефонот со едно полнење и тоа до неколку денови. Според Gionee, доколку ви остане 5% од батеријата, телефонот ќе може да трае уште 62 часови во стендбај! И најубавото од се е што сето ова е спакувано во тело со дебелина од само 8,85 милиметри, што е одличен резултат со оглед на капацитетот на батериите.

Останатите компоненти не се толку импресивни – дисплејот има големина од 5,5 инчи и послаба резолуција од 1280х720 пиксели, додека процесорот е на MediaTek со четири јадра со брзина од 1,3 GHz, помогнат од 2 GB рам меморија и 16 GB простор за складирање податоци, со можност за проширување преку micro SD картичка со големина до 64 GB. Камерата има 13 мегапиксели, додека како скоро сите кинески телефони и овој ќе доаѓа со можност за користење со две сим картички и тоа со LTE мрежа.

Цената на Gionee Marathon M5 во Кина изнесува 370 долари, што не е малку за кинески паметен телефон (ова веројатно ќе мора да престанеме да го спомнуваме), но според можностите е логично и очекувано. Сепак, се уште немаме информации дали ќе пристигне кај нас, иако би можеле да го видиме истиот телефон со подруго име (на пример Quart или Doogee), бидејќи многу од кинеските производители само го менуваат брендирањето, а се работи за истите уреди.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О