
Неверојатниот резултат е постигнат благодарение на четирите електромотори кои заедно нудат 136 коњски сили. Преносот на силата се одвива преку сите четири тркала, а формулата тежи само 160 килограми.

Соодносот на силата и тежината е еден од главните адути за забрзувањето, а колку за споредба Green Team има подобар сооднос од Bugatti Veyron Super Sport и од Porsche 918 Spyder.
Новиот светски рекорд се уште е неофицијален, а наскоро се очекува неговата официјална потврда со која ќе обезбедат влез во Гинисовата книга на рекорди.