Поголемите градови во јужната земја се навикнати на просечна температура од 10 степени Целзиусови преку зима. И иако остатокот од светот сосема нормално го прифаќа снегот, Австралијците се во паника бидејќи не можат да ги носат своите апостолки и кратки панталони, иако можеби се смрзнуваат.
Во Австралија често се користат машини за вештачки снег за да ја разубават зимата. Но, синоќа сите биле шокирани. За промена, навистина било студено. Температурите се спуштиле на 0 или дури и под нулата низ повеќе држави. Но, најневообичаено било што има ниски температури во Квинсленд, каде ова е првиот снег после 30 години.
Според Австралиското биро за метеорологија, овој феномен се должи на систем на низок притисок кој преместил маса на студен воздух од брегот на Нов Јужен Велс.