Џони Деп купил грчки остров за 4 милиони евра

Холивудската актерска ѕвезда Џони Деп го купил грчкиот остров Строгило во Егејското Море со површина од 0,2 квадратни километри за сума од околу 4,2 милиони евра, пишува весникот The Pappas Post.

Весникот се повикува на агенцијата за недвижности Proto Organization Ltd., чиешто седиште е во Велика Британија. 




Агенцијата, исто така, била посредник во друга зделка во која е продаден остров во Јонското Море на актерската брачна двојка Анџелина Џоли и Бред Пит.



Педесет идвегодишниот Деп, актер, режисер, музичар, сценарист и продуцент, трипати беше номиниран за најпрестижната филмска награда Оскар, а е лауреат на Златниот глобус. Светска слава ја здоби со ликовите во филмовите на Тим Бертон, а и со улогата на капетанот во серијалот „Пиратите од Карибите“. Во 2012-тата година Гинисовата книга на рекордите го прогласи за најплатениот актер на светот.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О