На Наоми Оукс ѝ било соопштено дека страда од акутна миелоична леукемија кон крајот на минатиот месец, кога таа забележала дека ѝ се појавуваат модринки по телото.
Родителите на Наоми снимиле интересно видео со песната „Bad Blood“ од Тејлор Свифт, во кое ја раскажуваат приказната на својата болна ќерка. Кратко време по објавувањето, видеото го привлекло вниманието на Свифт, која освен што ѝ испрати порака на Наоми, донира и 50.000 долари за лекување.
Вујкото на Наоми објави видео во кое ја сними реакцијата на храброто девојче кога ја прочита пораката од Тејлор. „Едвај дишам. Сериозно мислам дека ќе се онесвестам“ – вели Наоми.