EXIT 2015 започна! Со огномет и Емели Санде лудница уште од првиот ден

Точно во 19 часот вчера во Нови Сад беа отворени портите на јубилејниот 15-ти Егзит фестивал. Во текот на целиот ден на Петроварадинската тврдина имаше гужва, а капацитетите годинава беа проширени поради големиот интерес.

Весели луѓе се разминуваа на сите страни. Годинава има огромен број посетители, бидејќи и времето е одлично за кампување.


Мерките за обезбедување на тврдината, но и на целиот град се подигнати на највисоко ниво.

Честа да ја отворат главната сцена годинава им припадна на Гоблини.



После нив во жесток ритам продолжија и Eagles of Death Metal, чии фанови непрестано скокаа пред бината. „Орлите“ направија одлична атмосфера со жестоките гитарски звуци. Miss Alisa и I Want You so Hard ја воодушевија публиката, додека кантри/рок преработката на легендарната Stuck in the middle with you беше кулминацијата на нивниот настап.

На главната сцена синоќа имаше околу 30.000 луѓе, според груба проценка.

После Eagles настапи поп сензацијата Clean Bandit, кои со своите нови хитови буквално го запалија главниот стејџ.



После полноќ, со спектакуларен огномет и официјално беше отворен 15-тиот Егзит.



После огнометот кој ги воодушеви сите, на сцената излегла и ѕвездата на вечерта – Емели Санде, која ја поздрави публиката со одличен српски јазик. Тоа и не е изненадување, со оглед на тоа што Емели беше омажена за Црногорец.

После концертот на Емели, која е еден од најбараните соул и r’n’b вокали, на главната сцена настапи и Рони сајз. На Денс арената посетителите можеја да ги проследат сетовите на диџеите Марко Милосављевиќ, Леа Добричиќ, Дејан Миличевиќ, Адам Бајер и Џозеф Капријати, додека на Фјужн бината настапија Партибрејкерси и бендот Артан Лили.


Организаторите очекуваат секој ден низ портата да поминат најмалку 40.000 гости, а во петок и сабота се очекува да падне рекордот на сите времиња во бројот на посетители на Петроварадинската тврдина.


ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О