Сите љубители на Honda секако ќе се израдуваат на оваа вест и со задоволство ќе уживаат во фотографиите кои потврдуваат дека првите примероци на Acura NSX веќе се најдоа на патиштата во Америка.
Иако новиот NSX секако не е никаква новост, со оглед на фактот дека најпрво беше прикажан во Детроит, кон почетокот на оваа година, а потоа и во Женева, под брендот Honda, ова е прв пат да ги видиме (пред)сериските примероци во редовен сообраќај.
Новиот спортски автомобил од Honda изгледа спектакуларно и на фотографиите, а според зборовите на очевидците во живо е уште повпечатлив и поубав.
Инаку, Honda/Acura неодамна го искористи традиционалниот Pikes Peak International Hillclimb, на кој еден промотивен NSX во "Pace Car" улога ја помина целокупната рута, од подножјето до врвот на планината.