Како и секоја мајка, пејачката со диви кадрици води сметка за своите деца и се труди мајчинството да го стави на прво место.
Но, иако мина само половина година од породувањето, пејачката изгледа фантастично.
Шакира се појави во едноставна гардероба, шорц во крем боја со спортски крој во комбинација со едноставна памучна маичка. На нејзиното лице се забележува суптилна шминка со што Шакира имавме можност да ја видиме во едно убаво природно издание.
Покрај малиот Саша, таа со фудбалерот Жерард Пике го има и двегодишниот син Милан.