Состојките за овој пијалок се лесно достапни и секој пазар или пилјара ги има во изобилие, па не претставуваат ни голем трошок.
Потребно ви е:
4 шолји коцкици лубеница без семки
3 ½ шолја вода
2 лажички мед
½ свеж цеден сок од лимон
-парчиња лимон
-мента
1.Во помало тенџере , додајте ½ шолја вода и 2 лажички мед и оставете да зоврие. Мешајте додека медот не се раствори.
2. Ставете ја лубеницата во блендер и мутете додека не стане мазна смеса. Процедете ја лубеницата додека не добиете чист сок од лубеница.
3. Измешајте го сирупот кој претходно го направивте со 3 шолји вода и сок од лимон. Наполнете ја чашата со лед, додајте сок од лубеница и потоа дополнете ја чашата со лимонада.
4. Благо промешајте пред сервирање. Украсете со парчиња лимон и листови нане.