НАСА: Откриена планета слична на Земјата

НАСА на прес-конференција објави дека е откриена планетата Кеплер 452Б, стара шест милијарди години, која е слична на Земјата.



Поранешниот астронаут и соработник во Управата за научни мисии на НАСА, Џон Грансвелд изјави дека ова откритие погаѓа во самиот центар на она што се работи и дека „Земја 2.0“ е досега најблизок роднина на Земјата.

„Дали сме сами во вселената? Денеска ќе направиме мал чекор во одговарањето на тоа прашање“, рече Грансфелд.

„Кеплер 452Б веројатно е карпеста планета. Има вистинска оддалеченост од ѕвезда, што значи дека би можела потенцијално да биде погодна за населување“, рече Џон Џенкис, научник во НАСА.

Џенкинс додаде дека годината на „Земја 2.0“ е со иста должина како на Земјата, дека езгопланетата е стара шест милијарди години и дека прима 10 отсто повеќе енергија од Земјата.

„Големината на орбитата е слична на онаа на Земјата, а нејзиниот соларен систем е многу сличен на нашиот“, рече Џенкинс.

Следењето на егзопланетите ќе започне во 2017 година, а посебен фокус на следење ќе биде истражувањето дали тие планети можат да се населат.

Научниците истакнуваат дека Кеплер 452Б е постар и поголем роднина на Земјата, кој би требало да отвори можност за сфаќање и разбирање на развојот на Земјата.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О