
Честопати се случувало неговиот фотограф Хајнрих Хофман да го фотографира во тие моменти на вежбање. Како ќе ги убедел луѓето во тоа што го зборувал ако не бил толку убедлив во настапите?

На овој начин Хитлер бил екстремно свесен за својата појава и впечатокот што го оставал бидејќи можел да види дали некои изрази и гестови го правеле да изгледа кул или не.

Интересно е што никогаш не сакал овие фотографии да бидат објавени во јавност. Затоа му наредил на Хофман да ги уништи бидејќи биле „под неговото достоинство“.
Но, Хофман не го послушал, тој ги чувал фотографиите во неговото студио и подоцна ги објавил во неговата книга со мемоари „Hitler Was My Friend“.

Сега се објавени за да може да ги види целиот свет како всушност се претворил во еден од најзлобните диктатори во светот.



