Од својот брат прави Бог! - Таа е шефица на пропагандната служба

Ким Јо-Јонг била поставена на висока функција од својот брат, а тоа е показател за довербата која тој ја има во неа.

Помладата сестра на севернокорејскиот лидер, Ким Јонг Ун, била поставена на висока функција во пропагандниот апарат, каде ќе работи за зајакнување на култот на личноста на својот брат.

Ким Јо-Џонг неодамна била поставена за заменик директор на одделението за пропаганда и агитација при Работничката партија на Северна Кореја, одговорна за, како што се наведува, "поддршка во консолидацијата на власта на Ким Јонг Ун", низ примена на проектот "идолизација", објавил Guardian повикувајќи се на свои извори од Пјонгјанг.



Сестрата на севернокорејскиот лидер, на таа функција го заменила ветеранот на државната пропаганда, Ким Ки-Нам, кој бил во служба на владејачката династија уште од 60-тите години од минатиот век, а на чело на партискиот пропаганден материјал уште од 1989. година. Одминатите години на 89-годишниот Нам, всушност биле причина за негово преместување на функцијата советник.


Кога станува збор за сестрата на севернокорејскиот лидер, за која Guardian веќе го поставува прашањето "Дали ќе стане најмоќна жена во земјата", за неа нема многу биографски податоци, исто како и за останатите членови на семејството. Се претпоставува дека има 27 или 28 години, и дека е омажена за Чо Сонг, син на секретарот на партијата.


Од 2011. година, кога присуствувала на погребот на својот татко Ким Јонг Ил, не се појавувала многу во јавноста.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О