
24-годишната манекенка, која е позната и по улогата во филмот „Gone Girl” одлучила да ги „почести“ нејзините фанови на Инстаграм.
Таа објавила секси фотографии на својот профил, на кои позира во црно кратко фустанче. Фустанот има длабоко деколте, па нејзините бујни гради доаѓаат до израз.
Бидејќи сака да привлекува внимание, убавата манекенка минатата недела сподели фотографија од сончање со нејзините 2.6 милиони следбеници. На фотографијата изгледа одлично како и секогаш, облечена во бикини со леопард дезен.
Убавицата од Калифорнија, покрај совршеното тело има и преубаво лице. Нејзината убавина дополнително ја нагласува кафеавата коса.
Во изминатите години оваа дама се трудеше да успее во нејзината прва љубов, глумата. Се чини дека нејзиниот сон се исполни кога Дејвид Финчер ја зеде како споредна улога во своето уметничко остварување.