Повеќе од 865.000 луѓе биле евакуирани денес во источната кинеска покраина Зеџијан, во очекување на тајфунот Чан-Хом, кој би можел да предизвика одрони и сливови во околината на Шангај.
Тајфун содржи ветрови со брзина од 173 километри на час, и би можел да биде најголемиот кој ја погодил Кина во последниве 66 години. Тајфунот ќе донесе силни дождови во Шангај и во покраините Анхиум Фуџијан и Џианцу, пренесува Telegraf.rs.

На почетокот од оваа седмица, големо невреме ги погодило Филипините, каде загинале пет лица, а истото веќе почнало да се чувствува во Шангај.




