Научниците останаа без зборови: Ајкула најдена во внатрешноста на активен вулкан

Ајкула изненадила тим истражувачи кои ги набљудувале Соломонските острови, појавувајќи се на најнеочекуваното место.

Спиечките ајкули, кои се доста ретко набљудувани, припаѓаат во Тихиот и Атлантскиот Океан, како и на Антарктикот и Тасманија. Но, оваа пацифичка спиечка ајкула ги исплашила и збунила истражувачите, појавувајќи се источно од Папуа Нова Гвинеја во внатрешноста на активен вулкан.



„Се преплашивме“, вели студентот на докторски студии на Универзитетот на Роуд Ајленд, Бренан Филипс, за National Geographic.

Набљудувајќи ја вулканската актиност порано годинава, Филипс и неговите колеги спуштале камера во длабочините на морето во близина на Соломонските острови. Откако ја вратиле камерата на помала длабочина и го изгледале видеото, забележале нешто чудно на едно од видеата.



Чудната, ’голема кафеава дамка’ подоцна била идентификувана преку нејзината боја и физички карактеристики како пацифичка спиечка ајкула. Затоа, откритието на овие вулканолози е најјужното забележување на овој вид кој е некогаш документиран.

Пацифичката спиечка ајкула може да порасне до 7 метри должина. Најголемата ваква ајкула тежела 888 килограми. Пливаат безвучно и со многу малку телесни движења, што ги прави брзи и опасни предатори.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О