Неговата нова дестинација е Порто, а многу навивачи на Реал Мадрид жалат што дојде до ова. Икер Касиљас планираше својата кариера да ја заврши на „Сантијаго Бернабеу“, но Флорентино Перез и „Кралевите“ имаа други планови.
„Ми беше премногу тешко да дојдам на овој голем стадион и да му кажам збогум на мојот сакан клуб чиј што грб го носев 25 години. Тешко ми е да кажам збогум на институцијата која што ми е сè во животот и ми се чини како да беше вчера кога пристигнав овде на девет години. Среќен сум што ми се исполни сонот, што го облеков дресот на Реал. Во него се смеев, плачев, победував, губев“, изјави легендата на Реал.
„Се надевам дека луѓето ќе ме запаметат како добар човек, со до силни и слаби страни. Им благодарам на сите илјада пати. Никогаш нема да ве заборавам“, изјави Касиљас кој не можеше да ги сокрие солзите.