Уапсените терористи во Косово планирале да фрлат отров во водите за пиење во Македонија

Петмината припадници на џихадистичката ИД, кои беа уапсени во Косово, бидејќи планирале терористички напади во регионот, носеле отров, знаме на ИД, маски и ракавици, јави Коха.нет.

– Според Сабрије Јашари, адвокатка, отровот бил пронајден во чантата на нејзиниот клиент Енис Латифи, од Витина, кој е еден од упасените. Таа уште потврди дека во чантата имало и знаме на ИД, маски и ракавици, но не можеше да даде детали за каква отровна супстанца станува збор, пишува Коха нет.

Во полициската акција најпрво беа уапсени тројца, на магистралниот пат Приштина – Гњилане кај езерото Бадовац, а подоцна и другите двајца нивни партнери по што под силно полициско обезбедување се пренесени во Приштина.

Како што јави Коха.нет покрај Енис Латифи уапсен е и неговиот братучед Бесник Латифи од Витина, потоа Газменд Халили и Милазим Хаџијај од Исток. Се дознава дека петтиот уапсен е македонски државјанин Беким Фидани.



7Претседателот на Основниот суд во Приштина, Хамди Ибрахими, изјавил дека распитот ќе трае до доцна вечерва.

Петмината уапсени биле повратници од Сирија. Како што објавуваат медиумите во Приштина, тие планирале крвави напади со многу жртви во Косово, но и во Македонија. Се појавија шпекулации дека нивна прва задача била да ја затрујат водата во езерото Бадовац, од каде се снабдува половина Приштина, поради што тој дел на косовскиот главен град, беше без вода. Но, извршените анализи утврдија дека водата е исправна.

Косовските медиуми денеска пренесоа дека терористите планирале отров да фрлат и во главниот резервоар во Урошевац.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О