PANTONE 107SH
Овој уред, произведен од јапонскиот SoftBank, поседува вграден Geiger сензор, а со тоа корисниците може да видат информации за нивото на радијација во реално време. По нуклеарната катастрофа во Fukushima Daiichi во 2011-та, нормално е Јапонците да посакуваат ваков телефон.
Amazon Fire Phone
Првиот паметен телефон на Amazon беше огромен неуспех на пазарот, но понуди нешто сосема ново - динамична перспектива. Телефонот поседуваше 4 вградени инфраред камери на предната страна, кои го пратеа движењето на вашата глава за да создадат еден вид на 3D ефект.
LG G Flex 2
Овој модел (поточно неговиот претходник) е првиот на пазарот со заоблен и флексибилен екран. Покрај тоа, задното куќиште е изработено од специфична мешавина на смола, со што самото може да се регенерира од помали гребаници.
Samsung Galaxy Round, S6 edge и Note Edge
Кога веќе зборуваме за заоблени екрани, не можеме да ги изоставиме овие три модели. Note Edge е првиот телефон на пазарот со заоблен екран од десната страна, додека пак Galaxy S6 Edge поседува заоблен екран од двете страни.