Едната има 19, а другата двојно повеќе: Која од овие две дами е ќерката на Ерос Рамацоти, а која е нејзината мајка?

Пред точно 19 години, Мишел Хунцикер за прв пат стана мајка и му ја роди малата Аурора на славниот италијански пејач и заводник. Таа сега има три ќерки, од кои најмладата има сè на сè само четири месеци – но трагите на нејзиното тело воопшто не се забележителни. Аурора и Мишел денес изгледаат како да се врснички.

Аурора (лево) има 19 години, а и покрај тоа што може да се пофали дека нејзината мајка дефинитивно ја пронашла формулата за вечна младост, исто така има татко кој што го обожуваат жените ширум светот – Ерос Рамацоти.



Мишел Хунцикер, по потекло од Швајцарија, се омажи за Ерос во 1998-мата година и така стекна и италијанско државјанство. Таа тогаш се занимаваше со манекенство, а потоа и со глума, пеење и новинарство – и во текот на целиот живот ја следи епитетот најзгодна жена.

Таа тоа го покажа и ова лето, кога со својата ќерка го посети италијанското крајбрежје и се соблече во костим за капење, после само четири месеци од породувањето. Мишел и понатаму има тело како пред 19 години, кога го запозна Рамацоти.


Аурора, од друга страна пак, исто така може да се пофали со извајано тело. Таа и нејзината мајка имаат исклучително близок однос, па прегратките во вода не се воопшто чудна појава. Иако многу тинејџерки се срамат од своите родители, Аурора очигледно нема причина за такво нешто.


Иако Мишел после разводот од Ерос во 2002-рата година повторно се заљуби и омажи, таа и нејзиниот поранешен сопруг се сè уште во добри односи.

Таа е сега во брак со Томас Трусарди со кого има и две ќерки, а Аурора е вистинска голема сестра и често се дружи со нив.


Инаку, Аурора е вистинска кралица на друштвените мрежи и постојано објавува фотографии со родителите – но умее понекогаш да направи и по некој гаф, па нејзиниот татко мора да се вмеша за да ја реши ситуацијата.

Таа им е исклучително посветена на друштвените мрежи, но неодамна започна и кампања против зависностите од друштвени мрежи под хаштагот #SocialGeneration.


А кога не ужива на рајски плажи со нејзината мајка – таа ужива со својот татко.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О