Аргентинците тврдат: Меси е тренер на „Гаучосите", а не Мартино

Аргентинските медиуми тврдат дека во нивната национална селекција „главен“ е Лионел Меси, дури и кога станува збор за тактичките решенија и измените на играчите.

Не е тајна дека Лионел Меси е во доста добри односи со Херардо Мартино, а аргентинските медиуми објавија видео со кое сакаат да докажат дека Меси му кажал на селекторот каква замена да направи на дуелот во полуфиналето од Копа Америка против Парагвај.


Имено, Меси во еден момент дојде до клупата за резервни фудбалери и му кажа нешто на Мартино. Тренерот внимателно го слушаше Меси, а само една минута подоцна во игра влезе Гаго на местото на Маскерано.

Дали Меси сакаше да го одмори својот пријател Маскерано со оглед на тоа што Аргентина веќе водеше со 4:1, или пак аргентинските медиуми претераа, проценете сами.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О