Еден од најбогатите бизнисмени на светот поседува раскошен авион кој го средил по свој вкус.
Во своето луксузно бизнис „гнездо“, во облакодер на Менхетен, на кој на влезот е испишано неговото име со златни букви, Доналд Трамп ја објавил претседателската кандидатура.
Во класичен американски кич стил, објавувањето на кандидатурата го следеле и „холивудски моменти“, па така на разглас била пуштена песната „Memories” од мјузиклот „Мачки“, а на собраните им биле поделени маици со натпис „Направи ја Америка голема“.
Доналд Трамп е еден од најбогатите (ако не и најбогатиот) американски бизнисмен. Тешко е да се процени неговото богатство, но тоа се движи во милијарди долари. Сепак, неговите бизниси ги следат многу контроверзи, скандали, па дури и обвиненија дека правел малверзации околу данокот.
Доналд Трамп се женел три пати, а има пет деца. Тој бил домаќин и на едно реално шоу, од кое е најпозната реченицата: „Отпуштен си“.
Не ги сака доселениците, особено оние од латино потекло и е голем противник на абортусот.
Со сметка на која има повеќе од пет билиони долари, Доналд Трамп е еден од најбогатите бизнисмени на светот.
Неговиот вкус за луксузни работи често се опишува како „специјален“. Овој 69-годишник измеѓу другото, поседува еден од најлуксузните авиони на светот, кој го купил од ко-основачот на Мајкрософт, Пол Ален во2011 година.
Меѓутоа, овој авион морал да биде преуреден за да биде по „специјалниот“ вкус на Трамп, а тоа значи дека го променил секој агол кој можел да биде од најдобро дрво и злато,но и неговото име да биде испишано на секој можен елемент.
Во авионот, покрај изгледот на луксузно средени спални соби во самиот авион, постојат и бањи со златни славини и големи удобни кожни седишта кои ги одбрал за себе.