Најубавите плажи во Хрватска

Сè уште немате идеја каде да го поминете годишниот одмор? Без грижи тука е Хрватска која е преполна со безбројни можности за тоа каде можете да го поминете одморот.



Во зависност од тоа дали сте расположени за добра забава, или одморот сакате да го поминете со најблиските во релаксирана атмосфера, постојат голем број на плажи кои ќе ги задоволат вашите потреби.

Еве неколку одлични идеи каде во Хрватска можете да го поминете вашиот годишен одмор:

1. Сакарун

Сакарун е пространа песочна плажа долга околу 800m и е со поглед на отворено море. Се наоѓа во залив во близина на Големиот остров. До неа може да се стигне преку Задар, а кога ќе пристигнете таму ве очекува туристички водич кој директно ќе ве однесе до прекрасната плажа.



2. Мала и голема Радуча, Примоштен

Двете плажи се меѓу Шибеник и Трогир. Помалата е идеална за семејства со мали деца. Но, нема дополнителни содржини со кои би можете и младите да се забавуваат. Доколку сакате добра забава, одлична идеја за вас е големата плажа која е одвоена од помалата со зеленило.



3. Коверсада, Врсар

Ако сакате камени плажи ова е идеално место за вас. Тука се наоѓа и една од најголемите нудистички плажи во Европа.



4. Лагуна Стела Марис, Умаг

Умаг е одлично места за љубителите на добрата забава, една од подобрите плажи на ова место е Стела Марис. Тука со сигурност ќе имате активен одмор и што е најважно чисто море и околина со кристално сина вода.



5. Башка, Крк

Оваа плажа е идеална за семејствата, но нуди и дополнителни содржини кои ги привлекува и младите. Таа е една од најпопуларните плажи на ова место.



6. Плажите во Цриквеница

Оваа ривиера е долга 28km и е преполна со прекрасни плажи. Една од нив е и плажата Црн Моло која може да ви понуди добар одмор ако одите на летување со мали деца, бидејќи морето тука е плитко. Плажата Балустрада е одлично место за оние кои сакаат и добра забава, а за оние кои имаат миленици тоа е плажата Подворска.



7. Дражица, Биоград

Оваа плажа е опкружена со зеленило и нуди голем број на можности за добра забава или мирен летен одмор. Тука морето е малку поладно, но тоа со сигурност ќе ви овозможи добро оладување во жешките летни денови.



8. Затон, Задар

Популарната песочна плажа е во склоп на Затон ресортот и е идеална за оние кои во семејството имаат и мали деца.



9. Сланица, Муртер

Песочната плажа нуди многу дополнителни активности кои ќе ви го направат летниот одмор забавен, а се наоѓа на островот Муртер.



10. Златни Рат, Бол на Брач

Оваа неверојатна песочна плажа нуди необично доживување, бидејќи нејзиниот правец се менува со менувањето на плимата и струите.



11. Палмижана, Паклени острови

Оваа плажа се наоѓа на островот Клемент кој припаѓа на групата на Паклени острови и се наоѓа во близина на Хвар. Оваа плажа е прилично популарна меѓу младата популација.



12. Копакабана, Дубровник

На оваа плажа можете да уживате во бројните спортски активности, а е прилагодена и за оние кои се со инвалидитет.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О