Полицијата потоа го открила патот по кој побегнал, а тоа што го виделе ги оставило без текст. Прво наишле на софистициран тунел со вентилација, струја, светло и резервоари со воздух во случај на потреба. Пронашле дури и подготвен мотор, во случај при бегството да му биде потребна дополнителна брзина.
Russian RT @ActualidadRT is claiming to have exclusive images from #ElChapo's escape tunnel http://t.co/SUHpIEePGl pic.twitter.com/EPQE670mqI
— Mexico Times Co News (@MexicoTimes) July 12, 2015
Медиумите сега го поставуваат прашањето како е можно никој од обезбедувањето на овој високо чуван затвор да не ги забележал 3250. тони земја кои биле потребно да се ископаат за да се направи тунелот. Било утврдено дека тунелот е долг 1,5 километри, широк 80 сантиметри и висок 1,7 метри.
#ElChapo's previous multiple hi-tec escape tunnels under his properties in Culiacán city, Sinaloa state in early 2014 pic.twitter.com/GaPFfEvJpD
— Mexico Times Co News (@MexicoTimes) July 12, 2015
Чуварите поседуваат посебни радари и електронска опрема со кои сигурно би откриле доколку некој прави тунел под затворот, но сега се поставува прашањето зошто никој ништо не пријавил, или дали биле платени да молчат.