Можете ли да погодите чив син е овој убавец?


Неговиот татко е едно од најпознатите лица во филмската индустрија. Меѓутоа, се чини дека тој не е единствениот кој има разделени веѓи и неверојатно секси поглед. Постариот син на актерот, 20-годишниот Габриел е слика и прилика на својот татко. Во понеделникот навечер ова момче присуствувало на „Vogue Paris“ гала фондацијата во „Palais Galliera“ - и оставил силен впечаток врз гостите.



Габриел е син на 58-годишниот Даниел Деј Луис и актерката Изабела Аџани (60). За брзо време стана модно лице, поради добрите гени, но и поради музиката.


Младиот модел се истакнал на оваа гала вечер во сино одело и бела кошула кои одлично му стоеле.


Светлата коса ги истакнала небесно сините очи на Габриел, а неговите веѓи на сите им покажале кој му е татко. Сличноста измеѓу таткото и синот е неверојатна.


Бидејќи Габриел ја споделил фотографијата со неговите 10 илјади следбеници на Инстаграм, на сите им покажал дека седел рамо до рамо со Карли Клос. Пред тоа, тој објавил селфи со Џон Леџенд.



„Не можам да поверувам дека ја запознав легендата. Тој беше голема инспирација за мене и за мојата музика во изминатиот период“, напишал Габриел.


ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О