Често се занимавам илегални активности, гледам секакви перверзии и гадости. Не можам да кажам дека малку пати сум имал морални дилеми околу желбите и молбите на гостите со кој се среќавам, ја започнува својата приказна мажот кој е вмешан во елитната проституција.
Едно момче од Хрватска ги раскажало деталите од елитната проституција во која е вмешан. Како што вели, политичарите се чести гости, а сè е многу дискретно.
"Бидете убедени дека секој вратар многу од своето време минува во потрага по здолништа. Хотелите и сексот едноставно одат рака под рака. Освен со макроата, добри односи негувам и со таксистите, сопствениците на лимузини, туристички и чартер агенции, но и со дилери, доктори, стриптизери. Никогаш не знам кој ќе биде клучен за решавање на некои големи сцени во кои ќе бидам вмешан".
"Често се занимавам со илегални активности, гледам секакви перверзии и гадости. Не можам да кажам дека малку пати сум имал морални дилеми околу желбите и молбите на гостите со кој се среќавам".
На пример, еден гостин доаѓа неколку пати годишно. Еднаш со семејството, друг пат сам. Бара женско друштво. Точно знам како изгледа неговата сопруга, се сеќавам бледо и на неговите деца, а сега тој ист човек бара да му најдам девојка за една ноќ. На почетокот тие работи ги правев со гадење, но потоа сфатив дека тоа не може да се промени, ниту избегне. Меѓу другото, коj сум јас да им судам.
Во таквите ситуации никогаш лично не сум вклучен. Му се јавувам на макрото или на некој кој тоа го организира, и со него се договорам со шифри, барам "возење" или "богат коктел". Ги знам и цените, околу 200 до 300 евра на час, зависи кој дел од сезоната е, и каква е понудата. Но, се обидувам да извадам колку што можам повеќе", вели момчето од Загреб за Jutarnji.hr и додава:
"Често доаѓаат и политичари од самиот државен врв. Тогаш работите се решаваат многу посуптилно. Хотелските службеници не се вклучени во никакви преговори и договори, но сепак јасно им е што се случува.
Доаѓа политичар со неговата придружба во една лимузина, а неколку минути подоцна доаѓа лимузина полна со девојки. Земаат соби на ист кат, многу блиску едни до други, сè е јасно, но секако, официјално не може да им се влезе во трага.