Овие две сестри во 1975-тата година заминале по парче пица и никогаш не се вратиле... А сега се случува и комплетен пресврт!

На 25-ти март во 1975-тата година сестрите Кетрин и Шила Лајон од Мериленд заминале во шопинг центарот "Wheaton Plaza" да ја погледнат велигденската изложба и да купат парче пица, после што им се губи секоја трага, а важни нови детали за нерешениот случај се објавени дури вчера на конференцијата за новинарите.

Сестрите Кетрин (10) и Шила (12) требало да се вратат до четири часот после пладне, но бидејќи не се појавиле и после договореното време, мајката повикала полиција при што била организирана голема претрага. Во текот на четириесетте години полицијата собрала повеќе од 2.000 индиции, но ниту една не била потврдена.

Полицијата дури вчера ги изнела и најновите сознанија за киднапирањето на девојчињата и означила еден 58-годишник осудуван за сексуални престапки, Лојд Ли Велч, како еден од соучесниците во нивното исчезнување.

Полицијата ги именувала Лојд Ли Велч и неговиот вујко Ричард Ален Велч како главни осомничени.

Велч, кој уште минатата година бил осомничен за киднапирањето на девојчињата, конечно на 10-ти јули оваа година е и официјално обвинет, а се соочува со обвинение за убиство од прв степен.

Велч бил осудуван поради сексуално злоставување на девојчиња во Јужна Калифорнија, Делавер и Вирџинија и бил во "Wheaton Plaza" трговскиот центар во истиот ден кога биле и сестрите Лајон.

Тој на полицијата и рекол дека заедно со нив го напуштил трговскиот центар и дека подоцна го видел неговиот вујко како сексуално ги вознемирува девојчињата. После тоа наводно никогаш повеќе не ги видел.


Наговестувањето кое можеби и најмногу ветувало е од сведокот кој изјавил дека забележал две девојчиња кои личеле на жртвите, врзани во автомобил од типот караван.

Во текот е нова истрага во врска со целиот случај, а полицијата трага и по телата на девојчињата.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О