Пеколна група за Македонија во квалификациите за Светското првенство во Русија

Квалификациите за Светското првенство во Русија во 2018 година ќе стартуваат во септември наредната година.

Очите на светската фудбалска јавност ова попладне беа вперени во извлекувањето за квалификациите на Светското првенство во Русија, а ждрепката посака нашата репрезентација да добие исклучително незгодна група во која прв фаворит ќе биде актуелниот европски шампион Шпанија.


Македонија повторно ја доби за противник Шпанија во едни квалификации за големо натпреварување, но покрај „црвената фурија“, избраниците на Љубинко Друловиќ сигурно не се задоволни што во групата Г се најде и светскиот шампион од 2006 година, селекцијата на Италија.

Покрај овие две исклучително квалитетни репрезентации, во нашата група се најдоа уште Израел и Лихтенштајн, како и репрезентацијата на Албанија чии пресметки со Македонија сигурно ќе бидат оценети како натпревари од висок ризик.

Квалификациите за Светското првенство во Русија во 2018 година ќе стартуваат во септември наредната година.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О