Луксуз и расфрлање: Еве како живеат децата на најбараниот нарко бос Ел Чапо

Мексиканскиот нарко бос, Хоакин Ел Чапо Гузман ги опсипува своите деца со неброени пари, а тие својот раскалашен живот без размислување го прикажуваат и на своите Twitter профили.

Иако се свесни дека парите на нивниот татко доаѓаат од организиран криминал и продажба на наркотици, нив тоа не ги загрижува, што и во неколку наврати тие и отворено пишуваа.

Ел Чапо има три сина и ќерка, а нивниот живот е исполнет со брзи автомобили, луксузни забави и диви животни.


Хоакин Гузман поседува богатство од 3 милијарди долари и е еден од најбогатите и најбараните луѓе на светот.

Неговиот син Иван, кој го води и неговиот Twitter профил, ја "заскокотка" фантазијата на јавноста, но и полицијата, откако прикачи фотографија од неговиот татко после бегството од затворот при што напиша, "Оној кој што е трпелив, добива сè".

Овој самопрогласен плејбој се пофали и со фотографии од својот црвен Ferrari и пушка AK-47.
Средниот син на нарко босот постави фотографија, покрај својот сив Mercedes додека ужива со својот миленик, инаку мал лав, а исто така сподели фотографија и од својот приватен авион, но и забавите со Парис Хилтон.

Неговиот трет син Хесус Алфредо живее исто толку раскалашен живот, а освен тоа тој е и еден од командантите на картелите на неговиот татко. Неодамна тој сподели фотографија од својот приватен авион.

Исто толку екстравагантен живот ужива и неговата ќерка Алехандрина Жизел, која е исклучително активна на друштвените мрежи и очигледно ги поддржува криминалните активности на нејзиниот татко, а напиша и дека се гордее бидејќи е ќерка на најбараниот човек на светот.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О