50 Cent: Мојот живот е илузија, скапите предмети ги враќам во продавница откако ќе се сликам со нив

Куртис Џексон, односно 50 Cent, вчера се појави пред Врховниот суд на Менхетн, да сведочи за тужбата покрената против него, откако објавил приватна снимка без согласност на девојката со која имал сексуални односи.

Откако аплицираше за банкрот минатата недела, 50 Cent, чие вистинско име е Куртис Џексон, се појавил пред Врховниот суд во Менхетн во вторникот наутро да сведочи дека всушност не е толку богат како што неговиот раскошен стил на живот прави да изгледа.



Иако Forbes проценува дека богатството на раперот чини околу 155 милиони долари, адвокатот на Џексон пред судот рекол дека неговиот клиент „тежи“ 4,4 милиони, што претставува проблем откако минатата недела доби пресуда за обесштетување на поранешната девојка на Рик Рос, бидејќи објавил секс снимка со неа, без нејзина согласност.



Џексон објаснил пред судот дека иако неговите профили на социјалните медиуми се преполени со луксуз и раскош, „го зема накитот и автомобилите, се фотографира со нив и ги враќа во продавниците“, според New York Daily News.

Кога судијата го прашал раперот за неговата продажба на албуми од која заработил досега 38 милиони, Џексон рекол дека заработува „10 центи од еден албум“.



Џексон рекол и дека заработил 100.000 долари од двата филма во кои неодамна се појави, Spy и Southpaw. Од неговата моментална улога во хит серијата Power, на која е и извршен продуцент, тој вели дека заработил само 150.000 долари од двете сезони заедно.

За време на неговото сведочење, 50 Cent рекол дека е загрижен дека неговиот „бренд“ пропаѓа откако банкротираше минатата недела, велејќи „Сега кога банкротирав, не сум толку ’кул’ како што бев минатата недела“.

Џексон ѝ се извинил на Ластонија Левистон, која беше наградена 5 милиони заради објавената секс снимка, велејќи: „Жал ми е ако се почувствува како да те повредив“.

Од банкротирањето минатата недела, тој се обиде на сите начини да го одбегне плаќањето на отштетата на Левистон.



„Ми треба заштита“, 50 Cent објаснил во своето гостување на ток-шоуто на Конан О’Браен. „Имаш мета нацртана на грбот кога си успешен, и сé е јавно. Стануваш идеалната личност за тужби“.

 

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О