Како што пишува Daily Mirror, кралицата се чувствува предадено, бидејќи сигурно некој од нејзиното окружување на новинарите им ја предал компромитирачката снимка, за која во Бакингемската палата официјално велат дека треба да биде гледана со резерва, со оглед на возраста на кралицата и околностите под кои настанала снимката.
Нацистите во тоа време, 1933. година, биле многу популарни, и како што истакнуваат од Палатата, многу луѓе ширум светот го имитирале нивниот поздрав, пишува Jutarnji.
Елизабета Втора, наводно е посебно разочарана што видеото ја поврзува и нејзината мајка со нацизмот, за која таа вели дека со сето срце го презирала Хитлер.
На снимката, покрај Елизабета Втора и нејзината мајка, се гледа и принцезата Маргарет и тогашниот принц од Велс, Едвард.
Иако The Sun се соочил со лавина критики поради одлуката да ја објави снимката, уредниците на тој весник ја бранат својата одлука со тврдењето дека за случајот постои јавен интерес.