За најдобро да го исчистите екранот на вашиот телефон, прочитајте што смее, а што не смее да се користи при чистење.
Пред да почнете со чистење, исклучете го телефонот. Исто така, не користете кружни движења за време на чистењето.
За чистењето користете микрофибер крпа. За разлика од другите материјали, микрофибер крпата нежно го чисти чувствителното стакло на екранот и со неа не можете да го изгребете. Микрофиберот целосно ги отстранува и маснотиите и нечистотиите кои се наоѓаат на екранот. Пешкир на пример, само би ги размачкал.
Доколку екранот е многу размачкан, додадете малку вода.
Што не треба да правите?
Никогаш не користете некакво средство за чистење, бидејќи само може да го оштети екранот.
Доколку сакате да го исчистите телефонот од бактерии, некои препорачуваат чистење со мешавина од вода и алкохол. Ова исто така може да го оштети телефонот.
Никогаш не го чистете екранот со хартиени марамчиња или груби крпи. Постои ризик од гребење на екранот., Со тек на време, овие гребнатинки можат да го оштетат екранот така што ќе стане помалку чувствителен на допир.