Фотографијата е направена од Џојс Торефранка, студентка по медицина во Манила, а по објавувањето на Facebook стана вирален хит на интернет.
Приказната за малиот Даниел е навистина тажна, откако татко му починал по пожарот во кој изгорела семејната куќа, тој и мајка му живеат на улица. Иако многумина, кои минуваат по улицата, мислат дека Даниел е просјак, детето всушност учи и ги пишува домашните задачи. Тој е одличен ученик, а наставниците за него имаат само пофални зборови.
И покрај семејните трагедии Даниел е решен да го заврши образованието и да ѝ помага на мајка си.
„Како студент оваа фотографија ме инспирира да учам и работам уште повеќе. Имам среќа што моите родители имаа можности да ме школуваат. Трудот и желбата на ова детенце ме инспирираат уште повеќе“, вели Џојс за Rappler.