Утрово втор обид за рушење на гаражите и обезбедување простор за сечење илјадници метри квадратни шума на Водно

Режисерот Слободан Унковски на својот Фејсбук профил пишува дека утрово на Водно има повторен обид за рушење на гаражи со што ќе се обезбеди можност и за сечење на шума за градба на станбени објекти:

На Водно кај гаражата на госп. Гуштеров и уште еден, собрани се граѓани кои го бранат Водно. Дојдена е полиција и една инспекторка (?), багер и камион чекаат на главната улица.

Ако се урнат гаражите, ќе се исечат десетици илјади м2 шума и ќе се изгради населбата со околу 200 станови, најмалку 200 коли, што треба да ја сервисира една уличка со ширина од 3 метри. Мафија на дело. Никаков закон и никакво претходно решение не важи.

Фото – Фејсбук

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О