Откако пристигнала во Оркни во понеделникот, Лучија Сешнс се соочила со сценарио како од кошмар: нејзиниот багаж бил изгубен од авиокомпанијата со која патувала, и имала помалку од 24 часа да ја најде потребната гардероба за свадбениот ден: фустан, чевли, чанта... и што уште не.
За среќа, хотелот во кој престојувала и жените од Оркни ѝ помогнале да не пропадне најважниот ден во нејзиниот живот.
Сé започнало кога менаџерот на Кирквол хотелот ја објавил оваа итна молба на Фејсбук страницата вечерта пред нејзиниот голем ден.
Првиот одговор пристигнал за помалку од 10 минути и сé повеќе понуди за помош доаѓале цела ноќ, како што луѓето ја споделувале објавата.
После повеќе од 40 коментари и 200 споделувања, хотелот го објавил ова.
Откако невестата била ургентно дотерана и блескава, на барање на речиси целиот остров Оркни, од хотелот споделиле фотографии од младоженецот и невестата.
Објавиле и видео порака од Лучија во вторникот, во која таа им се заблагодарува на сите кои ѝ помогнале.
„Многу сум благодарна за фустанот кој ми беше точен, но би била апсолутно почестена да носам било кој од вашите прекрасни фустани“, вели невестата. „Знам дека тие ја раскажуваат приказната на вашиот живот, но ова е приказна која и јас ќе ја споделам. Сета љубов која ми ја овозможивте нема никогаш да биде заборавена. Се надевам дека знаете колку ова ми значи“.