Со 12 стадиони во 11 градови домаќини – Москва, Санкт Петерсбург, Калининград, Нижни Новгород, Казан, Самара, Саранск, Волгоград, Ростов на Дон, Сочи и Екатерининбург, Русија треба да изгради неколку нови објекти од темел, како и да реновира многу други.
Додека конструкцијата трае, руските претставници од ФИФА тврдат дека сите стадиони ќе бидат завршени во 2017. За само 3 години, многу работа мора да биде завршена.
Русија планира да потроши 3,6 милијарди долари само на стадионите за Светскиот куп.
Градат 8 стадиони од темел, меѓу кои и еден во Нижни Новгород.
Досега, изградбата е стигната до фаза на ископување и бетонирање.
Планирани се 301 милион долари за главниот стадион.
Космос Арена е исто така во раните фази на градба во Самара.
Градежните услуги ќe чинат од прилика 243 милиони.
Во Ростов на Дон, неодамна започна изградбата на Левбердон Арената.
Проценетата вредност е 358 милиони.
Газпром Арената во Санкт Петерсбург се гради веќе 10 години.
Првичните трошоци пораснаа од оригиналните проценки на астрономски 618 милиони.
Арената Мордовија во Саранск се гради од 2011, а ќе чини вкупно 289 милиони.
Арената во Казан започна да се гради во 2010.
Изградбата заврши во 2013, а вкупните трошоци се верува дека се од прилика 440 милиони.
Во неа има луксузни и екстравагантни бањи и соблекувални.
Други стадиони кои се изградени од порано мора да бидат прилагодени и реновирани.
Еден од нив е Фишт Стадионот во Сочи, главниот спортски центар од Олимписките игри во 2014 година.
Русија ќе потроши дополнителни 62 милиони за да го реновира, со цел да биде според прописите на ФИФА.
Стариот стадион Лужники во Москва „бара“ 390 милиони долари за реновирање.
После реконструкцијата за која беа потрошени 82 милиони долари во 2011 година, Централниот стадион во Екатерининбург ќе доживее уште една трансформација, овој пат од 269 милиони долари.
Новата арена Откритие во Москва е една од малкуте стадиони кои се подготвени за користење.
Нејзината изградба заврши во 2014 и чинеше 257 милиони долари.
И покрај проблемите, датумите за отворање на сите стадиони се закажани за 2017 година најдоцна.