Времето надвор е убаво, но доколку сте моментално во својата канцеларија, на вашата работна маса, под клима и со малку природна светлина, тоа баш и не ви менува многу.
Но, замислете барем на секунда, колку би било убаво сега да сте на најубавиот природен базен во светот.
Овој природен бисер се вика То Суа. Се наоѓа на вулканскиот остров Уполу, кој им припаѓа на Самоанските острови. То Суа во превод значи голема дупка.
Доколку не сте во можност да го посетите ова магично место, уживајте во приложените фотографии.
Доколку не сте во можност да го посетите ова магично место, уживајте во приложените фотографии.