Која е бујната милионерка која што едвај дочека да го прегрне Новак Ѓоковиќ?

Во неделата, после победата на Новак Ѓоковиќ на Вимболдон, бројни гости уживаа на гала вечерта во хотелот Рич во Лондон, а помеѓу нив беше и оваа милионерка со навистина раскошно деколте.

Клои Кан едвај дочека да се фотографира со првиот светски рекет, а фотографијата таа набрзо ја постави и на својот Instagram профил. Ние ќе ви појасниме за која девојка точно и се работи.


Клои Кан, попозната како Клои Мафија, јавноста за прв пат ја запозна со нејзиното учество во британскиот X Factor.

Оваа девојка е родена во сиромашно семејство во кое нејзината мајка навистина многу работела како би ги прехранила своите деца, така што Клои е навистина "жедна" за пари и слава.


Пред учеството во X Factor таа се занимавала со проституција, а од овој натпревар била исфрлена веднаш откако било откриено дека консумирала кокаин.

Со бројните пластични операции таа го променила и својот изгед, а потоа одлучила и да развие свој бизнис.

Со помош на "Webcam modeling" таа заработила милиони. Всушност, ова е одреден вид на стриптиз, каде девојката се соблекува во живо пред камера, пред непознати клиенти, кои за тие услуги ѝ плаќаат.

Веб-стриптизерката, наскоро се појави и на насловната страница на словачкиот Playboy.


Некогаш на работ на егзистенцијата, денес милионерка која што вози Range Rover, излегува само со познати, патува и шопингува до бескрај.

- Како што се зголемуваше обемот на мојата работа, сфатив дека би можела да вработам девојки кои што би работеле за мене. Сега имам 50 вработени и заработив повеќе од милион долари, изјавила Клои.

Клои под фотографијата со Новак Ѓоковиќ напишала – "Браво бејбе".

Оваа милионерка "лови" само богаташи, а судејќи според фотографијата на нејзината Instagram мрежа таа очигледно едвај дочекала за да го прегрне Новак, после неговата победа на Вимболдон.

Јелена навистина беше кралица на таа вечер, дозволувајќи му на Новак да танцува со Серена, но веројатно би било попаметно да не му дозволува на својот сакан да го прегрнуваат модерни бизнисменки, барем кога се работи за Клои Мафија.


Таа неодамна позираше и на тениски терен со рекет, но да се надеваме дека наскоро сепак нема да се обиде и во тој спорт.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О