Што ќе биде кај нас ако се затворат банките во Грција?

Во случај да дојде до затворање на четирите најголеми банки во Грција, тоа нема да се одрази по автоматизам на банките кои работат кај нас, а се во нивна сопственост, туку како засебни правни лица ќе си продолжат регуларно да работат како до сега.

Поточно, Ројтерс пишува дека во дел од договорот што Грција го направи со кредиторите подразбира строга контрола на европските институции над реформите на грчкиот банкарски сектор, што би можело да значи гасење со работа на дел од банките.



Повикувајки се на неименувани официјални претставници на ЕУ, Ројтерс наведува дека тоа би можело да значи дека Национална банка на Грција, Пиреа банка, Алфа банка и Еуробанка би можеле да се сведат, односно да се спојат во две банки.

Меѓутоа сè уште нема официјални информации за затворање на банките во Грција.



,,Дури и да дојде до ситуација на затворање на банките, секогаш треба да се има на ум дека грчките банки присутни на македонскиот пазар не се грчки филијали, туку засебни правни лица со акционерски капитал во Македонија, така што промената на статусот на матичната банка не се применува по автоматизам и на нив”, сметаат експертите.

И покрај тоа, можноста за затворање на матичните банки не значи истовремено затворање на банките кои припаѓаат на истата банкарска група, туку тие како засебни правни лица ќе продолжат да работат како и до сега.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О